дома БАЛКАН Србија бара о...

Србија бара од Босна и Херцеговина да го екстрадира соучесникот на Фетон Хајризи, кој уби полицаец во Лозница

Србија бара од Босна и Херцеговина да го екстрадира соучесникот на Фетон Хајризи, кој уби полицаец во Лозница

Министерството за правда на Србија испрати барање до правосудните органи на Босна и Херцеговина за екстрадиција на мажот со иницијали З.Р. осомничен дека го организирал транспортот на Фатон Хајризи, кој уби полицаец и рани уште еден кај Лозница.

Според српските медиуми, З.Р. кој е уапсен во Бјелина, и неговата сопруга И.Р. која е уапсена во Младеновац, го организирале транспортот на Хајризи од Прешево до Лозница.

Белградските медиуми јавуваат дека З.Р. e и на потерница на Србија за издржување на осумгодишна затворска казна, на која е осуден за трговија со дрога.

Фатон Хајризи на 17 јули го уби припадникот на српската гранична полиција Никола Крсмановиќ и го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ. На 19 јули, припадниците на српското Министерство за внатрешни работи го лоцирале Хајризи во близина на Лозница и го ликвидираa.

Текстот Србија бара од Босна и Херцеговина да го екстрадира соучесникот на Фетон Хајризи, кој уби полицаец во Лозница е превземен од А1он.

Exit mobile version