дома МАКЕДОНИЈА Специјалното ...

Специјалното дресирано куче Дино ги смирува патниците на скопскиот аеродром

Специјалното дресирано куче Дино ги смирува патниците на скопскиот аеродром

Меѓународниот аеродром Скопје објави дека дека нов гостин на аеродромот ќе биде кучето Дино. Кучето по раса златен ретривер е одбрано да биде терапевтско куче, кое ќе има за цел да ги смирува патниците.

Кучето е специјално дресирано. Од аеродромот информираат дека додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него.

-Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет. Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците, стои во објавата на аеродром „Скопје“.

The post Специјалното дресирано куче Дино ги смирува патниците на скопскиот аеродром appeared first on Локално.

Exit mobile version