back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСо концерт на...

Со концерт на класична гитара вечерва завршува манифестацијата „Ритамот на чаршијата“

Убавината со која плени Старата чаршија во Скопје е една од причините поради која што е меѓу најпосетуваните локации од страна на туристите и локалните жители. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која овде сè уште може да се почувствува минатото – духот на градот. Mали дуќанчиња, занаетчиски објекти, верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами се само дел од обликуваноста на просторот и времето кои го красат ова место.

Чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата, во себе криејќи приказни за едно минато кое и денес оставило белег, во секое нејзино ќоше. Без разлика од која страна ќе влезете во чаршијата, ќе наидете на голем број дуќанчиња полни со сувенири, различни народни носии и разни рачни изработки.

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија, на 18-ти септември во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош, а со поддршка на Град Скопје со почеток во 19.00 часот. Втората вечер ќе имате можност да уживате во убавината на Чифте Амам каде ќе го почувствувате ритамот преку концерт на класична гитара.

The post Со концерт на класична гитара вечерва завршува манифестацијата „Ритамот на чаршијата“ appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари