Со кампања „Делувај сега, за природата“ ќе се заштитуваат шумите

    Со кампања „Делувај сега, за природата“ ќе се заштитуваат шумите

    По повод одбележувањето на Светскиот ден на заштита на природата, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на настан во Парк – шумата Гази Баба официјално ќе го означи почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“.

    Кампањата, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природата, да го поттикне волонтерството и грижата за природата која значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет.

    Текстот Со кампања „Делувај сега, за природата“ ќе се заштитуваат шумите е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version