Сончајте се безбедно – 4 работи што не сте ги знаеле за кремите и спрејовите за потемнување, а треба да ги знаете: маслата за потемнување можат да бидат опасни

Сончајте се безбедно – 4 работи што не сте ги знаеле за кремите и спрејовите за потемнување, а треба да ги знаете: маслата за потемнување можат да бидат опасни

Многу е подобро наместо спреј да користите крема, советуваат експертите
Пред следниот пат кога ќе се изложите на штетните зраци на сонцето, треба внимателно да се запрашате за секој детал и соодветно да изберете соодветен производ за заштита на вашата кожа од сонцето.

Се што е над 50+ нема смисла
Кремите и спрејовите со заштитен фактор ја штитат кожата главно од УВБ зраците. Самиот заштитен фактор се однесува исклучиво на УВБ зраците, но не и на УВА кои можат да навлезат длабоко во кожата, да го забрзаат стареењето и да го ослабат имунитетот. За да се заштитите од сонце, секогаш користете производи со заштита од УВА и УВБ зрачење. Фактор 50 обезбедува најдобра заштита од сончевите зраци

Креми, не спрејови
Заштитата во спреј е атрактивна опција поради лесното нанесување, но и потенката текстура што ја имаат ваквите производи, па побрзо се впиваат. Но, многу подобро е да користите крем наместо спреј, советуваат експертите. Исто така, со спрејот многу полесно е да „пропуштите“ дел од кожата и да ја оставите незаштитена.

Комбинирани средства – НИКАКО
Комбинираните производи кои содржат крема за сончање, но делуваат и како средство за заштита од инсекти не се добра идеја, велат експертите. Првенствено, инсектите обично не напаѓаат кога сме изложени на сонце, туку во вечерните часови. Покрај тоа, заштитата од ултравиолетови зраци треба често да се обновува, додека повторното нанесување на комбинираниот агенс може да доведе до труење!

Масла за побрзо потемнување
Производите како овој се многу лоша идеја и најдобро е да се избегнуваат целосно. Дури и ако содржат низок SPF фактор, тие не обезбедуваат доволна заштита од штетното зрачење, дури и на веќе темната кожа, а може да биде опасно ако сакате да го користите сами.

Фото: Архива

The post Сончајте се безбедно – 4 работи што не сте ги знаеле за кремите и спрејовите за потемнување, а треба да ги знаете: маслата за потемнување можат да бидат опасни appeared first on ekran.

Exit mobile version