дома СВЕТ Слобода Миќал...

Слобода Миќаловиќ пуштена од болница: Познатата српска актерка ја претепале на паркинг

Слобода Миќаловиќ пуштена од болница: Познатата српска актерка ја претепале на паркинг

На 25 ноември околу 18.50 часот познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ физички се пресметала со С.Д. (47), поради што завршила во Ургентниот центар.

На неа и биле извршени детални прегледи, а актерката изјавила дека била удирана неколку пати по главата, поради што се пожалила на болки. Слобода извесно време останала во болница, а потоа преку службениот излез ја напуштила установата. Според информациите, на Слобода и биле извршени сите потребни прегледи.

Нејзината моментална состојба сè уште не е позната.

Во тек е прибирањето докази кои потоа ќе бидат доставени до обвинителството за понатамошно постапување и одлучување. Како што пренесуваат локалните медиуми, дежурниот јавен обвинител наредил полицијата да ја собере целата медицинска документација, како и да направи снимки од видео надзор и да изврши разговор со актерката и минувачот со кој се судрила, односно сите лица кои имаат сознанија од овој случај или случајно се нашле таму.

Медиумите неофицијално дознаваат дека под дејство на алкохол била С.Д. И на неа и на Слобода Миќаловиќ веднаш им била укажана лекарска помош, бидејќи и двете се пожалиле на повреди.

The post Слобода Миќаловиќ пуштена од болница: Познатата српска актерка ја претепале на паркинг appeared first on Локално.

Exit mobile version