Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание ѝ даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје.
Две години по страшниот земјотрес кој го остави главниот град во урнатини, формиран е Институтот за земјотресно инженерство кој денеска прерасна во респектибилна институција со цел планирање и проектирање на најсовремени техники и методи.
Годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје денеска ќе се одбележи со повеќе активности.