back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСкопје„Скопски коњи...

„Скопски коњички марш“ од Ѓорче Петров тргнува за Крушево

Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево од реонскиот парк во Ѓорче Петров членови на „Скопски коњички марш“ со коњаница тргнуваат директно за Крушево.

Предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги повика граѓаните да дојдат во паркот и да ја поздрават и поддржат коњаницата која го организира овој подвиг во чест на големиот празник.

Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш.

-Целта на ваквите настани е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари