Пол Сколс, легендата и еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед, побара од медиумите во мај да престанат да го споредуваат тинејџерот од Јунајтед, Коби Мајно (19) со него. Тој тврди дека младиот играч за врска од „Олд Трафорд“ е многу подобар играч отколку кога тој бил на негова возраст.
„Минатата недела прочитав некои споредби меѓу него и мене. Не трошете време, тој е десет пати подобар од мене кога имав 19 години. Го сакам начинот на кој ја прима топката, неговата смиреност, неговата свесност за тоа што се случува околу него На теренот, се разбира и големи голови во големите натпревари, тоа момче е наше“, изјави тогаш Сколс.
Пред неколку дена Сколс повторно проговори за Мајно, овој пат во интервју за „Гардијан“ и дополнително го пофали и најави одлична кариера за него. „Мајно е нешто најблиску до Зидан што сум го видел кога станува збор за одземање топка, примање топка и дриблање на играчи во средината“, изјави Сколс и додаде:
„Дознав за Maјно слушајќи дека има дете на тренинг кој му задава проблеми на Касемиро, често излегува дека е подобар од него. Се сеќавам на смиреноста што ја видов кога првпат го гледав. Довербата што ја има во топката, јас не можев да верувам дека толку млад играч може да го има тоа“.
Минатата сезона Мајно одигра 24 првенствени натпревари за Јунајтед. Тој постигна три гола и забележа една асистенција. Сколс целата своја кариера ја помина во Јунајтед, за кој одигра 716 натпревари, постигнувајќи 155 голови и запишувајќи 81 асистенција. Со Јунајтед освои 25 трофеи, вклучувајќи 11 титули во Премиер лигата, два пати ја освои Лигата на шампионите, а два пати го загуби финалето во тоа натпреварување.