Сиљановска Давкова-Милатовиќ: Нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците

    Сиљановска Давкова-Милатовиќ: Нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во официјална посета на Црна Гора, каде што во Цетиње со сите државни почести беше пречекана од црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

    „Со Црна Гора нè обединуваат заеднички визии и стремежи: интеграцијата во Европската Унија, зајакнувањето на регионалната стабилност и создавањето услови за економски и општествен напредок.

    Верувам дека оваа официјална посета ќе остави длабоки траги во продлабочувањето на нашата соработка, поттикнувајќи нови перспективи на билатерален и меѓународен план,“ изјави Сиљановска Давкова.

    Таа посочи дека нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците и дека никој не негира бидејќи, како што додаде, сите помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло.

    Милатовиќ напомена дека посебно му е драго што во рамки на претстојните промени на Уставот, доколку Северна Македонија се одлучи за тоа, ќе биде додадено и црногорското малцинство.

    Фото/Кабинет на претседател

    The post Сиљановска Давкова-Милатовиќ: Нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците appeared first on еМагазин.

    Exit mobile version