back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАСИЉАНОВСКА ВО...

СИЉАНОВСКА ВО АЗЕРБЕЈЏАН: Утре ќе има обраќање на Конференцијата на ОН за климатски промени што денеска беше отворена во Баку

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Баку, Република Азербејџан, присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени, информираат од нејзиниот кабинет.

На официјалното отворање на самитот, што се одржува под мотото „Со солидарност за зелен свет“, се обратиле Мухтар Бабаев, министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан, како претседател на КОП29, Сајмон Стил, извршен секретар на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, како и претседателoт на КОП28, министерот за индустрии и високи технологии на ОАЕ, Султан Ахмед Ал Џабер.

Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој со цел да се прилагодат на климатските промени и да ги спроведат мерките потребни за постигнување на климатските цели.

Утре, како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова ќе има обраќање на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и влади.

Фото: кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари