Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак, Србија, денеска се случила експлозија, при што се повредени двајца работници, од кои едниот има изгореници по телото, потврдија од компанијата, за Радио телевизија Србија.
РТС јавува дека 36-годишен работник се здобил со изгореници на лицето и вратот и повреда на раката, а другиот по преглеот е отпуштен на домашно лекување.
Од болницата во Чачак потврдија дека работникот со изгореници е ставен на интензивна нега и неговата состојба е стабилна.
„Утринава во осум часот дошло до технолошка експлозија на линијата на лабораторијата за артилериски гранати, во која се повредени двајца работници, на кои веднаш им била укажана лекарска помош“, соопштија од компанијата „Слобода“.
Пред три години во истата фабрика се случија две експлозии со разлика од две недели, кога беа повредени неколку работници.
Жителите на Чачаk кои живеат во непосредна близина на фабриката „Слобода“ каде утрово се случи експлозија при што едно лице е повредено, во интервју за Нова.рс велат дека се многу вознемирени.
„Голем ризик е да се живее овде. Не очекував дека после две години ќе има нова експлозија. Особено не во воениот дел“, вели жител на Чачак.