Девојка од скопската населба Илинден e исчезната, а апел за нејзиното пронаоѓање е објавен преку социјалните мрежи. Апелот е објавен од Ивана Тасевска, која ги повикува сите што можат да ја забележат да се јават во најблиската полициска станица.
Според информациите, таа излегла вчера во 18:00 часот и со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165см, тежина 56кг, а очите се кафено-зелени.
The post Се трага по Клара од Илинден, последен пат видена вчера во 18 часот appeared first on Република.