дома КУЛТУРА Сцена Сеќавање: 5 г...

Сеќавање: 5 години без Таска Балабанова-актерката со чиј глас израснаа многу генерации

Сеќавање: 5 години без Таска Балабанова-актерката со чиј глас израснаа многу генерации

Таска Балабанова е родена во 1934 година во Велес. Таа беше истакната македонска филмска и телевизиска глумица. Радио-актер со чиј глас израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио.

Во младоста, остварува бројни улоги во матичниот Драмски Театар Скопје, а покасно радио-актерка со повремени филмски остварувања. Кај неколку генерации ќе остане запаметена по препознативлиот мелодичен глас кој го позајмува во бројни синхронизации. (Олива на Попај, Штрумпфета и многу други).

Како актерка, кариерата ја започна во некогашниот Младински-куклен театар, од кој во 1965 е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радиоактер и го позајмуваше својот глас во бројни радиодрами: „Веселата емисија“, „ Лирското интермецо“, потоа култната серија „ Хихирику“.

Публиката ја памети и од тв-сериите: „Средба“, „Едно лето“, „Илинден, „Време на летала“, „Трето доба“, „Мугра“, „Македонски народни приказни“ и „ Време – живот“.

Објави интерпретации на приказни за деца, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години.

Почина во Скопје на 20 ноември 2019 година.

 

The post Сеќавање: 5 години без Таска Балабанова-актерката со чиј глас израснаа многу генерации appeared first on ekran.

Exit mobile version