back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСеќавање: 12 ...

Сеќавање: 12 години без нашата истакната поетеса Ката Мисиркова-Руменова

Ката Мисиркова–Руменова е родена во Постол, Егејска Македонија на 14 септември 1930 година. Поетеса, раскажувачка, романсиерка, авторка за деца и млади, драмска писателка и публицистка.

Ката Мисиркова-Руменова е внука на Крсте Мисирков. Извонредно плодна авторка, со околу 120 библиографски единици и шеесетина радио драми за возрасни и за деца. Тематски нејзиното творештво е поврзано со судбината и трагедиите на луѓето од Егејскиот дел на Македонија, нивните делби и преселби, со приказната на откорнатикот низ епските димензии од времињата, настаните и личностите.

Од нејзиното богато творештво ги издвојуваме романите: Жешка земја, 1968; Добрите момчиња од земјата вардарска, 1969; Довик, 1983; Во смрт од љубов, 1990; Катарни години, 1992; Ѕидови од пајажина, 1993; Големите атови, 1997; Пранги, 2000; Длабокиот рез, 2002; Личен роман за личната земја, 2003.

Романи за деца: Детството на Мисирков, 1965; Милосија, 1982; Ѕидовите од Пела, 1991; Водоскоци, 1994; Авантурите на Ѓурѓа, 1997; поезија Скаменета солза, 1990; Плач пред ѕидот, 1996; Виорот на болката, 1999; раскази Песна за огновите, 1966; Неоджилени, 1988; Мајка Которичанка, 1988; Топлата прегратка на Гоцевата мајка, 1990.

Монодрами: Малина Поп Иванова, Гоце Делчев, Султана.

ТВ драми: Крепост, Одлука, Средба, Вознес на душата.

Има напишано преку шеесет радио драми за возрасни и деца.

Починала на 22 ноември 2012 година во Скопје на 82-годишна возраст.

The post Сеќавање: 12 години без нашата истакната поетеса Ката Мисиркова-Руменова appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари