Милош Коџоман е роден во Скопје на 22 октомври 1952 година. Тој е македонски сликар, припадник на новата генерација уметници што се појавиле во почетокот на 70-тите години на минатиот век. Неговите уметнички проекти ги обележуваат првите прогресивни манифестации, како што се перформансот и инсталацијата.
Коџоман во 1972 година го завршил Училиштето за применета уметност „Лазар Личеновски“, а во 1974 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Во 1977 година ја добива награда за најдобар студент, на прославата на 30-годишнината на Педагошката академија. Има реализирано над 20 самостојни изложби низ Македонија и во многу светски центри – Виена, Париз, Њујорк и др., а учесник е и на повеќе групни изложби.
Добитник е на повеќе престижни награди и признанија, а во 2008 година и највисокото државно признание наградата „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста на Македонија. Неговите дела се застапени во многу уметнички колекции во земјата и во странство. Бил член на ДЛУМ од 1973 година.
Починал на 21 ноември 2014 во Скопје.
The post Сеќавање: 10 години без нашиот истакнат уметник Милош Коџоман appeared first on ekran.