Сеќавање: На денешен ден почина доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски

    Сеќавање: На денешен ден почина доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски

    Бранко Давидовски — Мајка е роден во Скопје на 24 март 1930 година. Тој беше македонски фудбалер, а подоцна и новинар, доајен на македонското спортско новинарство.

    Тој првите контакти со спортот ги имал како фудбалер на ФК Вардар и тоа во 1947 година токму низ периодот на основање на најтрофејниот македонски клуб. Бил дел од Вардар низ сите негови младински категории и потоа кратко во сениорскиот тим во најтрофејниот период.

    Најзначајниот период од професионалното спортско новинарство го минал како долгогодишен уредник на Македонското радио – Радио Скопје, а во својата богата кариера известувал од бројни елитни спортски натпреварувања, европски и светски првенства, Олимписки игри и Универзијади. И во пензионерските денови продолжил активно да се занимава со новинарството како дел од спортските редакции на дневните весници „Вечер” и „Утрински весник”, а потоа долги години и во единствениот македонски спортски весник „Македонски спорт”.

    Починал во Скопје на 11 октомври 2018 година.

    The post Сеќавање: На денешен ден почина доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски appeared first on ekran.

    Exit mobile version