Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов по натпреварот истакна дека во главата немале никакви пресметки и калкулации, туку на терен истрчаа само да извојуваат победа.
„Победа три бода, тоа е најважно. Тежок натпревар, како што кажав и претходно. Игравме против добро организиран противник кој се бранеше од самиот старт. Беше тешко да се дојде до шанса, бие многу компактни, но ние добро се подготвивме. Но, најважни се трите бода и пласманот во Б дивизијата.
Селекторот ни рече да не правиме никакви пресметки и калкулации, важно ни беше денес да победиме, а така да биде и по натпреварот со Фарски Острови. Победа в недела е нашиот императив“, рече дефанзивецот.
Петтата победа во низа ќе ја бркаме в недела против Фарски Острови. Натпреварот се игра во Скопје од 15:00 часот.