Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција во Собранието зборуваше за одлуката на Уставниот суд да ја суспендира алатката „балансер“.
Пратеникот додаде дека оваа одлука е дел од обидите за дестабилизација, која стана актуелна тема во последно време.
„Отстранувањето или вчерашната одлука на Уставниот суд да го суспендира балансерот е грижа за нас како Алијанса за Албанците. Ова треба да ги загрижи сите граѓани, бидејќи не е само судска одлука, туку политичко предупредување од актуелниот премиер. Откако беше отворена дискусијата за отстранување на 20 проценти, тој предупреди и на отстранување на балансерот. Тоа не придонесува за мир и соживот во државата, туку создава неизвесност и страв кај граѓаните. Што се однесува до дебатата за дестабилизација, сега е јасно кој го поттикнува ова“, рече Села.
Тој додаде дека „улогата на вазалите кои се дел од Владата е да ја легитимираат дискриминацијата и угнетувањето извршено врз Албанците и другите заедници во земјата.
„Бараме да направат чекор назад пред да биде предоцна“, истакна Села.
Членот на АА смета дека со механизмот „бадентер“ треба да одлучува и Уставниот суд.
The post Села: Укинувањето на „балансерот“ е удар врз основните права на граѓаните appeared first on Локално.