дома СВЕТ Севернокорејс...

Севернокорејските војници во Русија конечно имаат интернет – го користат за гледање филмови за возрасни

Севернокорејските војници во Русија конечно имаат интернет – го користат за гледање филмови за возрасни

Севернокорејските војници испратени во Русија за да помогнат во руската агресија врз Украина, за првпат имаат пристап до Интернет и го користат најмногу за гледање филмови за возрасни, пишува Хиндустан тајмс, пренесе Бета.

Илјадници војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да и помогнат на армијата на Владимир Путин во нејзината борба против Украина.

Но, пред трупите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да тргнат на фронтот за да се соочат со силите на Киев, се чини дека прво мора да се соочат со друг „непријател“, со кој ние во развиениот свет веќе ни е познат, Интернетот.

Извештајот на колумнистот на „Фајненшал тајмс“, Гидеон Рахман, откри дека војниците на Ким Џонг Ун во касарната го поминуваат поголемиот дел од своето време гледајќи порно бидејќи никогаш немале пристап до Интернет.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, мајорот Чарли Диц изјави дека не е во можност да потврди какви било навики на интернетот на Северна Кореја во Русија и дека прашањето треба да биде упатено до Москва.

„Во моментов, нашиот фокус останува на поддршка на Украина и решавање на поважни регионални безбедносни прашања“, рече тој.

Иако пристапот до Интернет во Северна Кореја е достапен за високи владини функционери, на повеќето граѓани им е дозволено само да ја користат државната мрежа Kwangmyeong, која не дозволува пристап до странски веб-страници.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за јужнокорејската телевизија КБС изјави дека украинската армија се судрила со мала група севернокорејски војници во близина на руската граница.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го критикуваше недостатокот на одговор на Западот на вмешаноста на Северна Кореја и рече дека првите битки со Северна Кореја отвораат ново поглавје на нестабилност во светот.

Руските војници заробени во Курск зборуваа за тешкотиите што ги имале во комуникацијата со Севернокорејците. Во едно видео, руски заробеник вели дека неговата единица била во шумата со десет севернокорејски војници за да копа ровови, но во еден момент „војниците од Пјонгјанг почнале да пукаат кон Русите“.

Exit mobile version