Северина ќе настапи на Градскиот Плоштад во Крива Паланка на 28 август

    Северина ќе настапи на Градскиот Плоштад во Крива Паланка на 28 август

    Општина Крива Паланка годинава е носител на манифестацијата “Град на културата”, а покрај богатата програма, особено во август, од општината го најавија и големиот концерт на хрватската пејачка, Северина, за 28 август, Голема Богородица, во пресрет на 29 август, празникот на градот и денот на чествување на светецот – закрилник на Крива Паланка, Св.Јоаким Осоговски.

    Општина Крива Паланка со задоволство го најавува концертот на една од најпопуларните регионални музички ѕвезди, кралица на сцената чиишто хитови се неодминлив дел од секоја забава, хрватската пејачка Северина, главна ѕвезда на големиот празничен концерт во Крива Паланка на 28 август 2024. Концертот е со почеток во 22 часот и 30 минути на градскиот плоштад.

    Општината ја продолжува традицијата на организација богата летна култура програма во Крива Паланка, а по минатогодишниот концерт на Здравко Чолиќ, годинава Северна, пејачката – миленик на публиката од сите генерации, ќе ги разигра и разубави празнувањата во Крива Паланка. Едно е сигурно, на 28 август сите патишта ќе водат во Крива Паланка – “Градот на културата”.

    Празничниот концерт ќе го отвори македонскиот пејач со моќен вокал, младиот Давид Темелков, кој ги освои домашната публика и дијаспората со прекрасната нумера “Мојата Македонија”. Настапот на Темелков се најавува како музичко загревање пред настапот на балканската Северина, а за загарантирана продолжена музичка забава по Северна следуваат Брас брадрс ( Brass brothers).

    The post Северина ќе настапи на Градскиот Плоштад во Крива Паланка на 28 август appeared first on ekran.

    Exit mobile version