дома МАКЕДОНИЈА СДСМ: ВМРО-ДП...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за парична награда за пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за парична награда за пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на СДСМ за соодветна финансиска награда за пожарникарите, војниците, полицајците, за сите кои учествуваат во гаснењето пожари.
Вчера го одбија и амандманот на СДСМ за поголеми плати за работниците. Нема пари за работниците, дрско порачува ВМРО-ДПМНЕ сервирајќи му на народот нова епизода од нивните најлоши политики, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за пожарникарите, нема пари за војниците, нема пари за полицајците, за работниците….Пари им само за луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри со бизнис класи. Баш му е гајле за животниот стандард на народот. Работникот за него е неважен, го смета за евтина работна сила. Ваква Македонија, нема да биде горда. Ќе биде понижена и осиромашена“, велат од партијата.

Текстот СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за парична награда за пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите е превземен од А1он.

Exit mobile version