Евролигата има намера да продаде малцински удел во бизнисот.
Како што објави „The Financial Times“, инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија „SURJ Sports Investment“,сака да купи дел од најпрестижниот кошаркарски клупски турнир во Европа.
Малцинскиот удел во Евролигата се проценува на приближно една милијарда евра.
„EuroLeague Commercial Assets“ очекува да продаде приближно една третина од целиот свој бизнис, кој ги вклучува и Евролигата и Еврокупот.
Конкурент на „SURJ Sports Investment“ во овој процес е британската инвестициска фирма „BC Partners“.
Преговорите се во напредна фаза, но се уште не е постигнат договор.
Преку своите компании, инвеститорите од Саудиска Арабија претходно купија мнозински удел во фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед и ја создаде ЛИВ голф лигата. Фондот се обрати и до тениските АТП и ВТА со понуда за купување на целата турнеја.
The post Саудиски инвеститори сакаат да купат удел во Евролигата appeared first on Република.