Самостојни изложби на уметниците Рафаел Ристовски и Петра Јовановска

    Самостојни изложби на уметниците Рафаел Ристовски и Петра Јовановска

    Во рамки на богатата културна понуда на Град Скопје како европска престолнина на културата 2028, денес во Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје, љубителите на уметноста ќе имаат можност да посетат две самостојни изложби.

    • “Урбани контрасти“ на Рафаел Ристовски, галерија „Ко-ра“ – мал салон -приземје, со почеток во 19:30 часот.

    Млад автор кој веќе има учество во повеќе проекти и во Галерија “КO-РА”- од тематски ангажиран карактер, како годишните групни изложби по повод Денот на пролеттa и Деновите на екологијата : „Во хармонија со природата“, „Велосипедот на нашите улици“, како и учество во други проекти. Има реализирано и неколку самостојни изложби. Oва е 6-та самостојна изложба. Иако млад автор, има учество на бројни групни изложби во земјава и надвор.Покрај учеството на Завршните Годишни изложби на ДСУЛУД Галерија „Лазар Личеноски“ има учество на повеќе групни изложби и во Р. Хрватска, Мошченице, во Мексико -учествува на Меѓународната изложба на мала графика, a во Романија, учествува на Биеналето на мала графика.Во Северна Каролина во САД се претствува во Галеријата “Фактори”,а во Шпанија учествува на Лакуна фестивал. Рафаел Ристовски до сега реализирал неколку самостојни изложби и има учество во групни изложби ( Шпанија, Романија, САД…). Ристовски ги манипулира своите фотографии на дигитален начин, трансформирајќи ги во една непрекината игра на виртуелен и визуелен свет. Рафаел Ристовски е посветен на
    истражување на градската природа, каква што е била создадена од човекот, простор во кој се случуваат бескрајни моменти од секојдневието, работи, средби….Урбаната архитектура и градските композиции се најчестите мотиви во неговото дело.

    • “Разговор со уметникот“ на Петра Јовановска, галерија „Ко-ра“ -салон- сутерен, со почеток во 19:30 часот

    Петра Јовановска Родена (1972 / Јесеник, Р. Чешка). Дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје Факултет за ликовни уметности (отсек графика). Петра Јовановска останува во фокусот на нејзината преокупација кругот со својата повеќекратна симболика и значење. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координарор на многубројни ликовни проекти. Добитничка е на бројни награди, има учествувно на многубројни меѓународни ликовни симпозиуми и колонии. До сега има реализирано 60 самостојни изложби – меѓу кои се многубројните изложби во земјава, но и надвор:
    2022 – Галерија ДЛУМ, Марибор, Словенија
    2022 – Чешки центар, Софија, Бугарија
    2021 – Галерија Апстракт Проект, Париз, Франција
    2020 – Музеј Пригорја, Загреб, Хрватска
    2018 – Галерија Бунсен Гоетз, Нирнберг, Германија
    2017 – Галерија МЦ, Њу Јорк, САД
    2014 – Национална галерија Чифте Амам, Скопје
    2012 – Државен замок Швихов, Р. Чешка
    2011 – Бастион Св. Јадвига, Ниса, Полска
    До сега реализираше над 300 групни изложби – краток избор:
    2020 – Салон Гранд Пале, Париз, Франција
    2020 – 18. Зимски салон, Национална галерија, Чифте Амам, Скопје
    2019 – Пебео Медиа, Галерија Мениер, Лондон, В. Британија
    2016 – Ехо од Охрид, Галерија Кленова/Клатови, Замок Кленова, Р. Чешка
    2014 – Париз, те сакам, НГМ – Чифте Амам, Скопје
    Петра има учествувано на 40 меѓународни ликовни колонии и симпозиуми.
    Добитничка е на бројни награди. Има реализирано творечки престој во Париз, Франција.
    Член е на ДЛУМ, ИКОМОС.

    The post Самостојни изложби на уметниците Рафаел Ристовски и Петра Јовановска appeared first on ekran.

    Exit mobile version