back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСамостојната ...

Самостојната изложба на истакнатата македонска уметница Јана Манева-Чупоска во КИЦ во Истанбул

Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул вчера беше отворена самостојната изложба на истакнатата македонска уметница и претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, Јана Манева-Чупоска, со наслов „Љубовници во пандемија“.

„Љубовници во пандемија“ е серија од триесетина дела – цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера. Инспирирана од периодот на пандемијата на коронавирусот, Манева-Чупоска преку фигуративни композиции ја пренесува својата психолошка и емотивна состојба, нагласувајќи ја љубовта како симбол на надеж и обновување. Насловот на изложбата има симболично значење, алудирајќи на потребата за враќање кон нормалноста.

„Низ нејзините фигуративни и симболички претстави, љубовта се појавува како главен мотив и како најсилниот одговор на кризата. Таа нè потсетува дека токму љубовта е универзалниот симбол кој нè поврзува и спасува“, информираат од КИЦ во Истанбул.

The post Самостојната изложба на истакнатата македонска уметница Јана Манева-Чупоска во КИЦ во Истанбул appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари