back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСАД ѝ дозволи...

САД ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, се очекува ескалација на војната

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел.

Најверојатно станува збор за користење на ракетите од Армиски тактички ракетни системи (АТАЦМС), кои имаат домет од околу 300 километри.

Досега Украина имаше дозвола од САД да користи американско оружје за цели во Русија, но само за одбрана од руската офанзива во источниот украински град Харков. За таму Бајден одобри употребата на системот за ракетни фрлачи од типот Химарс со дострел од околу 80 километри.

Засега нема реакции од врвот во Русија, а тамошни политичари предупредија на ескалација на војната и трета светска војна и се надеваат дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ја промени оваа одлука.

Фото: Руско МО

The post САД ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, се очекува ескалација на војната appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари