back to top
6.8 C
Skopje
03.02.2025
Google search engine
домаСВЕТСАД ја затвор...

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Соединетите Држави привремено ја затвораат својата амбасада во Киев откако добија, како што велат, „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“.

„Поради претпазливост, амбасадата ќе биде затворена, а на вработените во амбасадата им е наложено да се евакуираат. Амбасадата на САД препорачува американските граѓани да бидат подготвени веднаш да се евакуираат во случај да биде издадена воздушна тревога“, се вели во соопштението. .

Украинските единици за воздушна одбрана се обидуваат да го одбијат рускиот воздушен напад врз Киев, соопшти воената управа на главниот град на Украина. Очевидци потврдија за новинската агенција Ројтерс дека слушнале неколку експлозии.

Текстот САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“ е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари