back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТСАД го призна...

САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела

Соединетите Американски Држави денеска го признаа противкандидатот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес за победник на претседателските избори, а во исто време го отфрлија и прогласувањето на победата на Мадуро.

„Со оглед на огромните докази, на Соединетите Држави и уште поважно на народот на Венецуела им е јасно дека Едмундо Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на изборите одржани на 28 јули“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен, објави Ројтерс.

Изборната комисија го прогласи Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник со 51 отсто освоени гласови, додека опозицијата наведува дека врз основа на преброените 90 отсто гласови нејзиниот кандидат добил двојно повеќе.

Текстот САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари