дома БАЛКАН Русија ја ста...

Русија ја става во готовност интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“/ВИДЕО

Русија ја става во готовност интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“/ВИДЕО

Русија продолжува да работи на ставање на својата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ во оперативна готовност, објави Сергеј Каракаев, командант на стратешките ракетни сили.

– Денеска се ставени во служба ракетните системи од петтата генерација „Јарс“ и „Авангард“, а продолжува работата на ставање во борбена готовност на најновиот ракетен систем „Сармат“ – се наведува во објавата на Каракаев за научно- методолошкото списание на Министерството за одбрана на Русија, „Билтен за воено образование“.

Во него се објаснува дека спроведувањето на државната програма овозможило да се обезбеди „стабилно темпо на вооружување на ракетните полкови“. Ракетните сили за стратешки намени веќе имаат повеќе од 88% од современите модели на ракетна технологија во својот борбен состав.

Што е „сармат“?

Сармат РС-28 (кодно име на НАТО: САТАН II) е руска супертешка интерконтинентална термонуклеарна балистичка ракета.

Руското име РС-28 „Сармат“ е референца за номадскиот народ Сармати.

Ракетата е долга 35,5 метри и има дијаметар од три метри.

Ефективниот дострел на ракетата е неверојатни 18.000 километри.

Exit mobile version