дома СПОРТ Руни откри во...

Руни откри во кој клуб отсекогаш сакал да игра, но не добил шанса

Руни откри во кој клуб отсекогаш сакал да игра, но не добил шанса

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Селтик откри дека во текот на кариерата сакал да игра за некој шкотски клуб.

Руни постигна еден гол на легендарниот меч меѓу Манчестер Јунајтед и Селтик одигран на Олд Трафорд, а на крајот шкотскиот клуб го доби со 5-4 по изведувањето пенали.

„Селтик секогаш беше тим што го следев и секогаш сакав да победуваат. За жал, не ја добив шансата, но посакував во еден момент да играm за Селтик. Ја немав таа шанса, не функционираше. Мислам дека тие секогаш беа специјални натпревари против Селтик“, рече Руни.

Не е прв пат Руни да зборува за својата љубов кон шкотскиот клуб, откривајќи дека „секогаш го следел Селтик“ откако беше капитен на Англија до победата над Шкотска на Селтик Парк во 2013 година. „Секогаш уживам што доаѓам овде и сум бил на Селтик Парк неколку пати и уживав на стадионот, па очигледно беше уште подобро што победивме“, рече тогаш тој.

„Беше одлично да се водат момците во таков натпревар и секогаш е одлично да се капитен на тимот во таква прилика на Селтик Парк. Беше одличен натпревар за играње и голема победа. Моето семејство и јас секогаш го следевме Селтик, од кога бев момче, така што сите мои деца имаат дресови на Селтик и јас секогаш им ги следам резултатите“.

Пред почетокот, Руни го доби својот персонализиран дрес на Селтик и се пошегува: „Не сум сигурен дали сега ме собира. Ви благодарам многу за тоа, го ценам тоа. Ќе го ставам ова во мојата куќа. ”

Овој хуманитарен натпревар собра речиси 1 милион фунти за фондацијата Манчестер Јунајтед.

The post Руни откри во кој клуб отсекогаш сакал да игра, но не добил шанса appeared first on Локално.

Exit mobile version