back to top
1.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаСПОРТРоџерс го про...

Роџерс го продолжи дговорот со Астон Вила

Фудбалерот на Астон Вила, Морган Роџерс го продолжи договорот на уште шест години, до летото 2030 година, соопшти клубот од Бирмингем.

Роџерс во јануари од Мидлсброу се пресели во Астон Вила за осум милиони фунти и оттогаш е еден од најважните играчи во тимот на Унаи Емери.

Тој и помогна на Астон Вила да се квалификува во Лигата на шампионите, која ја започна со три последователни победи. По четири рунди Вила има 10 поени.

Минатата недела првпат беше повикан во репрезентацијата на Англија и во Лигата на нации играше против Грција и Ирска. Оваа сезона за Астон Вила постигна три гола и имаше три асистенции.

Текстот Роџерс го продолжи дговорот со Астон Вила е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари