Родителите на таткото на Вања потврдија дека е поранешен зависник од дрога

    Родителите на таткото на Вања потврдија дека е поранешен зависник од дрога

    На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеа и бабата и дедодото на Вања, Зоран Ѓорчевски , родители на нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите.

    И двајцата ги потврдија неофицијалните информации кои се појавија откако Ѓорчевски беше уапсен, дека е поранешен зависник од дрога.

    -Во младоста имаше проблеми со зависности, ама се излекува пред да се ожени, рече таткото на Ѓорчевски, кој за исчезнувањето на внука му дознал случајно, откако се слушнал телефонски со неговата поранешна сопруга, мајката на Александар Ѓорчевски.

    – Јас сум во постојан контакт со семејството, се јавив да прашам како се. Се јавив, мајка му на Сашо плачеше, ме извести дека ја нема Вања. Ние сме 40 години разведени. Го побарав на телефон Александар за да ми каже што се случува и тој ми рече дека ја нема Вања, не е стасана на училиште. Јас реков кажете што треба во секое време да се вклучам, рече тој, а на прашањето дали го познава пријателот на неговиот син, Гоце Трајковски, рече дека со неговата фамилја се кумови.

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    Сведокот Трајковски, кој ги прегледувал снимките со таткото на Вања, не дојде на судењето, имал паничен напад

    Рече и дека неговиот син работел цело време, со прекини од 2,3 месеци, во Фершпед, во Кометал, па пак во Фершпед. Кога се случи настанот, не работел никаде два три месеци. Се издржувал со пензијата на мајка му и со неговата пензија.

    Со Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот рече дека не се познавал.

    И мајката на Александар Ѓорчевски, Иванка Ѓорчевска рече дека тој имал проблем со зависност од дрога пред 30 години.

    Раскажа и како дознала за исчезнувањето на нејзината внука.

    – Утрото Александар беше дома, ми рече дека му се јавила Зорица (мајката на Вања, н.з.) и му кажала дека Вања ја нема, се облече и истрча. Кај 9 му се јавив, дали ја нашле. Рече, не мамо, во полиција сме, пријавивме, ја нема Вања.

    Мене ми се вртеа разни мисли, размислував што му се случило. Јас како баба помислив на најлоши работи, дека е грабната за органи, за проституција. Како одминуваше времето, сѐ полошо ми беше. Јас седев дома, ќерката ми се јавуваше да ми каже дали нешто нашле, дали имаат трага, рече таа.

    Оли Нешковиќ, сестрата на Александар, кажа дека се јавувале во МНР, во босанска детективска агенција, во амбасадата на САД, му пишале на Илон Маск за сателитски снимки и рече дека од Бајден да имала број, ќе му пишела.

    И сестрата на Александар, како и нејзините родители, кажа дека не го познава првообвинетиот Љупчо Палевски.

    За кумашинот Гоце, кажа дека мајка му Кираца ги споила после настанот за да помогне околу потрагата на Вања.

    „На снимките влегува Гоце во дневната соба и вели: ‘Еве го цитроенот што го бара полицијата’. Рече дека му е сомнителен. Сомнително се движи, тоа сите го констатиравме. Тој збореше за исчезнато лице објавено на Фејсбук. Поврза преку регистер”, го заврши сведочењето сестрата на обвинетиот Александар Ѓорчевски.

    Потоа сведочеше синот на Оли, Иво Нешковиќ. Момчето рече дека често му позајмувал пари на вујко му, но дека му ги враќал.

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    Сведокот Трајковски, кој ги прегледувал снимките со таткото на Вања, не дојде на судењето, имал паничен напад

    The post Родителите на таткото на Вања потврдија дека е поранешен зависник од дрога appeared first on еМагазин.

    Exit mobile version