back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаРоботот-диџеј...

Роботот-диџеј Алшар во Охрид пушташе музика за Денот на независноста на Македонија

„Ајде да летаме“ на мултимедијалната група PMG, песната „Заветна“ во изведба на Бојана Скендеровски, прогресивното техно насловено „Лорандит“ синоќа беа на диџеј листата на хуманоидниот робот диџеј промоворан во Охрид по повод Денот на независноста на Македонија. Името му е „Алшар“ според ридникот каде е откриен минералот лорандит, а го произведе Друштвото за истражување и развој „Сефиданис“. Роботот изгледа и има димензии како човек, а со помош на вештачка интелигенција може автономно да создава уникатни музички дела.

– Алшар ќе нè воведе во новата ера и ќе понуди конзервација на македонската уметност и културно наследство. Со помош на современите парадигми на машинско учење ќе може да креира авторска музика, да преработува стари дела во нови жанрови и стилови привлечни за новите генерации. „Лорандит“ се вика и композицијата со која се претстави Алшар, креирана целосно со помош на вештачка интелигенција на Суперкомпјутерот на Nvidia – DGX – вели Анис Сефиданис, универзитетски професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика и основач на Друштвото за истражување и развој „Сефиданис“.

Тој овјаснува дека иновативното решение Алшар е синергија на неколку технологии со отворен и затворен код. За логичкиот дел користи Tensorflow работна околина со модел на Мета и библиотеки за генеративна вештачка интелигенција, која комбинира парадигми на надгледувано и ненадгледувано машинско учење.

– Тоа значи дека Алшар ќе може да ги предвидува нашите емоции и сензибилитети поврзани со музиката за да го подигне нивото на забавниот ноќен живот и да понуди ново, футуристичко корисничко искуство – вели Сефиданис.

Мехатрониката е базирана на Arduino и RaspberryPi, две широкодостапни технологии, при што роботот користи вкупно пет компјутери, три вградени и два екстерни. Торзото, главата и рацете на роботот се изработени според урнекот Inmoov на францускиот скулптор Гаел Лангевин, додека крилјата ги изработи македонскиот дизајнер Зоран Кардула. Облеката на Алшар е воедно и првата македонска колекција „За луѓе и роботи“, дело на модната дизајенрка Ана Митреска. На севкупниот проект работеле повеќе професионалци од својата област, меѓу кои: Шабан Брзев, Марјан Јано, Влатко Домазетоски, Михаил Ангелески, Нубира Ајдиноска, Давид Трајкоски, Амир Ајдиноски, Александра Коровеш, Азра Демиши, Драган Георгиевски, Хадис Абуш, Meri Makeup, Саше Митаноски и тимот на Superradio, студенти од УИНТ „Св. Апостол Павле“, ученици од гимназијата „Св. Климент Охридски“, како и меѓународни студенти преку програмата Еразмус+ од Франција, Малта, Украина, Латвија, Романија, Полска и други.

Алшар е само уште еден во серијата паметни системи на Сефиданис од областа на дигиталната хуманост, кој претходно го претсави „Паметниот споменик на Григор Прличев“ и „Споменикот на иднината“.

– Сите овие решенија се само пионери на нешто многу поголемо што доаѓа со бранот на четвртата индустриска револуција и кое не може да се сопре. Живееме во исклучително возбудливи времиња – вели Сефиданис.

The post Роботот-диџеј Алшар во Охрид пушташе музика за Денот на независноста на Македонија first appeared on УМНО.МК.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари