back to top
12.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаРечиси 80 отс...

Речиси 80 отсто од Русите му веруваат на Путин, според последните анкети

Осум од десет (79 отсто) Руси прилично добро ја оценуваат работата на рускиот претседател Владимир Путин, а исто толку, 80 отсто, имаат доверба во него, покажуваат резултатите од истражувањето на Руската агенција за јавно мислење (ФОМ).

Мнозинството (79 отсто) од испитаниците одговориле дека Путин е доста добар во својата работа, додека 8 отсто ја оценуваат неговата работа како „прилично лоша“, покажуваат резултатите од истражувањето објавени на веб-страницата на ФОМ, пренесува РИА Новости.

На прашањето за довербата во претседателот, 79 отсто од испитаниците одговориле дека „попрво би му верувале на Путин“, додека 11 отсто од Русите „попрво не би му верувале“, пренесува Танјуг.

Текстот Речиси 80 отсто од Русите му веруваат на Путин, според последните анкети е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари