back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТРекордни 22 т...

Рекордни 22 трки во Мото ГП календарот во 2025

Светскиот шампионат во Мото ГП ќе организира рекордни 22 трки во 2025 година, во која ќе отпадне Казахстан, а ќе бидат вклучени Чешка и Унгарија, предвидува привремениот распоред од промоторот Дорна и Меѓународната мотоциклистичка федерација.

Прва станица ќе биде Тајланд на 2 март, додека Катар, кој традиционално ја отвора сезоната со ноќна трка, ќе биде на распоред во средината на април, поради Рамазан.

Следува трката за Големата награда на Франција од 9 до 11 мај, две недели пред трката во Велика Британија. Во јули ќе се вози трка во Чешка, а во втората половина на август во Унгарија.

Трките во Индонезија, Австралија, Малезија и Шпанија се планирани за есен 2025 година.

Рекордни 22 трки беа планирани и за оваа година, но беа откажани натпреварувањата во Аргентина, Казахстан и Индија, а додадена е трката за Големата награда на Емилија Ромања.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари