Реката Сава позелени, изгледа како росна ливада

Реката Сава во Белград – ја смени бојата! Целосно е зелена, покриена со дебел слој зелени алги поради долготрајната топлина и минималните врнежи.
Феноменот се нарекува цветање на Сава, а проблемот секоја година е се поголем.
Непречистената канализација, објаснуваат експертите, ја влошува состојбата бидејќи со неа се хранат алгите.

„Сведоци сме на климатските промени. Со месеци немаше доволно врнежи, речиси ништо, а тоа не е доволно за водните текови. Тоа е катастрофа“, вели хидрологот и алголог д-р Гордана Субаков Симиќ.

The post Реката Сава позелени, изгледа како росна ливада appeared first on Република.

Exit mobile version