back to top
1.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАРасте бројот ...

Расте бројот на ковид случаи, Комисијата за заразни болести апелира да се почитуваат мерките

Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица, ова се препораките кои Комисијата за заразни болести ги констатира на последниот состанок откако се зголеми бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела.

-За потсетување, вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста“, велат од комисијата.

Како што додаваат во нивното соопштение, се реафирмира препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа.

„За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку пациентот има симптоми карактеристични за ковид“, велат од комисијата.

Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, се вели во соотението на Комисијата за заразни болести.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари