Радмила Шекеринска, поранешен функционер на опозициската СДСМ, која беше министерка за одбрана, кога Македонија стана членка на НАТО е избрана за заменик генерален секретар на Алијансата.
Таа е и поранешна вицепремиерка за европски интегреции.
Информацијата дека Шекеринска ќе му биде заменик на новиот генералниот секретар, Марк Руте, ја соопштија од НАТО.
-Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка.
Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога, стои во изјавата на Руте.
Фото: Фејсбук/Шекеринска
The post Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО appeared first on еМагазин.