Продолжува трендот на „исчезнување„ на работници од Непал кои дошле да работат во Македонија.
Овојпат како што информираше Министерството за внатрешни работи од приватна фирма во Охрид трагата им се изгубила на петмина работници.
Лицата биле на возраст од 19 до 27 години.
Нивното „исчезнување„ во СВР Охрид го пријавил нивниот работодавец.
За само еден месец од Македонија „исчезнаа“ над 30 вработени, а никој од нив не беше пронајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија
Продолжува трендот со „исчезнување„ на работници од Непал, и се губи трагата на работничка во Охрид
The post Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија, „исчезнаа“ петмина од Охрид appeared first on еМагазин.