Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, посочи дека со новата Влада работат на нов закон за казината и игрите на среќа сѐ со цел економски подобро да се развие земјата.
„Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, кој ќе биде многу поригорозен бидејќи сакаме оваа држава да се развие економски, а не да стане Лас Вегас на Балканот“, посочи Меџити.
Меџити истакна и дека со нивното доаѓање на власт нема да се зголеми бројот на казината и обложувачниците.
„Ние не зедовме ниту директорско ниту заменичко место, како ни член на управен одбор на дирекцијата за игри за среќа на Лотарија на Македонија. Тоа беше првиот чекор, вториот чекор е нашата парламентарна група заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, бараме автентично толкување на законот. Владата веќе донесе таков став, чекаме и Собранието тоа да го потврди и ако го потврди, во тој случај петте концесии за онлајн-казино ќе стапат во сила. Нормално, и тој што ги донел тие закони треба да одговара“, додаде Меџити.
За него, важно е што казината ќе бидат далеку од децата.
Текстот Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, да не станеме Лас Вегас на Балканот, посочи Изет Меџити е превземен од МАКФАКС.