Работилници и предавања во склоп на проектот „Словачки уметнички патишта“/ „ТРАГИ ОД ДВА СВЕТА“

    Работилници и предавања во склоп на проектот „Словачки уметнички патишта“/ „ТРАГИ ОД ДВА СВЕТА“

    Во склоп на проектот „Словачки уметнички патишта“/ „ТРАГИ ОД ДВА СВЕТА“ ќе се одржат и неколку работилници и предавања.

    Во Галеријата на ФЛУ ќе се одржат следните предавања и работилници;

    Од 10-12 часот;

    • Предавањето „Акциона графика“ го претставува историскиот контекст на уметноста на акцијата низ селекција на словачки и меѓународни уметници кои тематски работат со стратегии на акција, кои се поврзуваат со графичкиот медиум – предавач: Петер Валиска-Тимечко.
    • Работилницата „Градски структури“ ги следи перформансите „Матрицата како ринг“ и „Корео-графика“ под водство на Петер Валиска-Тимечко и Станислав Пјатрик, кои ги запознаваат учесниците со техниките на монитипија и фротаж.

    Од 13-14 часот;

    •  Предавање: Словачки визуелни уметности и позициите на акционата графика
      Петер Валиска-Тимечко и Бранислав Зурко

    Од 14-16 часот;

    •  Водена тура низ изложбата и разговор со уметниците
      Модератори: Бранислав Зурко и Адам Мачко

    Влезот е слободен.

     

    The post Работилници и предавања во склоп на проектот „Словачки уметнички патишта“/ „ТРАГИ ОД ДВА СВЕТА“ appeared first on ekran.

    Exit mobile version