дома СВЕТ Пуџдемон се в...

Пуџдемон се врати во Шпанија, се појави пред приврзаниците во Барселона

Пуџдемон се врати во Шпанија, се појави пред приврзаниците во Барселона

Лидерот на каталонските сепаратисти Карлес Пуџдемонт се појави денеска пред група поддржувачи во Барселона и покрај налогот за негово апсење по бегството од Шпанија пред седум години, изјави сведок на Ројтерс.

Партијата Јунтс на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон вчера ги повика приврзаниците да се соберат денеска пред парламентот во Барселона за да го поддржат Пуџдемон, кој вчера потврди дека планира да се врати.

– Ќе го пречекаме Пуџдемон, кој се враќа од егзил, соопштија од партијата на социјалните мрежи.

Членовите на Јунтс тврдат дека нивната намера е да го придружуваат Пуџдемон до вратата на парламентот, за да може да ги оствари своите политички права говорејќи во парламентот како лидер на таа партија.

Пуџдемон не бил во Шпанија од 2017 година, кога властите наредија негово апсење поради организирање на нелегален референдум за независност на Каталонија.

Тој потоа ги избегна шпанските власти прикраднувајќи се преку границата и бегајќи во самопрогласениот егзил во Белгија.

Текстот Пуџдемон се врати во Шпанија, се појави пред приврзаниците во Барселона е превземен од А1он.

Exit mobile version