Според последните податоци на Евростат, големопродажната цена на путерот во Европската унија бележи значителен раст. Во октомври 2024 година, просечната цена на путерот во ЕУ е 786 евра за 100 килограми, што претставува годишен пораст од околу 62%. Во текот на изминатата недела, цената на путерот благо падна за 0,9%, но сепак е значително повисока во однос на ланските нивоа.
Овој скок на цената на путерот делумно се должи на зголемените трошоци за производство, особено поради зголемувањето на цените на енергијата и добиточната храна. Во споредба со другите млечни производи, цената на путерот покажува најголем годишен раст; помали, па дури и негативни промени во истиот период забележаа цените на обезмастеното млеко во прав и на полномасното млеко во прав.