back to top
3.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаПукање во гос...

Пукање во гостиварско поради нерасчистен долг

Вчера во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско.

Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош.

Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со четири куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Текстот Пукање во гостиварско поради нерасчистен долг е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари