Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска е најдобар и најплоден научник на УКЛО за 2023/24

    Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска е најдобар и најплоден научник на УКЛО за 2023/24

    По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги избира најдобрите и најзаслужни научници во академската 2023/24.

    Најдобар и најплоден научник на УКЛО е професорката Анка Трајковска Петкоска од Технолошко–техничкиот факултет – Велес. Меѓу академските кадри кои покажаа високи резултати, за нивниот научен ангажман и посветеност наградени се и професорите: д-р Билјана Трајковска од ФБН -Битола, д-р Благој Ристевски од ФИКТ – Битола, д-р Александар Иванов од ФБ – Скопје, д-р Весна Антовска Книгхтс од ТТФ – Велес, д-р Бојан Србиноски од ФТУ – Охрид, д-р Андијана Боцевска од ФИКТ, д-р Иванка Нестороска од ФТУ – Охрид, асис. м-р Горан Вељановски од ТФ – Битола, пред. м-р Денис Арсовски од ВМШ – Битола и двајца членови од УКЛО Мрежата: д-р Марија Бошевска и д-р Јордан Ќосевски член на УКЛО Мрежата.

    За прв пат годинава, УКЛО доделува награда Најдобар млад научник и Најплоден млад научник. Наградата за Најплоден млад научник ќе се врачи на асис. м-р Горан Велјановски од ТФ – Битола и пофалници на: пред. м-р Денис Арсовски од ВМШ и на лектор м-р Елена Шалевска од ПФ – Битола.
    Високите признанија на најдобрите научници ќе им се доделат на свеченост по повод Патрониот ден на УКЛО на 5 декември 2024 г. настан на којшто меѓу другото уште еднаш ќе се афирмира значењето и улогата на науката за развојот на Универзитетот и општеството.

    The post Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска е најдобар и најплоден научник на УКЛО за 2023/24 first appeared on УМНО.МК.

    Exit mobile version