back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАПропагандната...

Пропагандната машинерија на СДСМ оживува: Забрчанец повторно на сцена со партиска мисија

Во објава на социјалните мрежи, поранешниот комуникациски специјалист на СДСМ, Марјан Забрчанец, откри дека ја продолжува својата медиумска кариера како „Медиа Девелопмент Специјалист“ за онлајн платформите Trn.mk и Racin.mk.

И покрај катастрофалниот пад на СДСМ од власт, Забрчанец останува посветен на пропагандата, што според многумина е доказ за долготрајното влијание на партијата во медиумската сфера.

Во јавноста, овие медиуми веќе се поврзуваат со стратегиите на СДСМ, додека партијата продолжува да се бори за својот рејтинг под водството на Венко Филипче.

Дали ова е само уште еден обид за ревитализација на партиската мрежа, или пак медиумските напори на Забрчанец ќе станат симбол на новата „Гебелсова“ ера за СДСМ? Останува да видиме.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари