Пронајдени се телата на 10 удавени лица по превртувањето на чамец со мигранти на реката Дрина, меѓу настраданите и мајка и бебе

Пронајдени се телата на 10 удавени лица по превртувањето на чамец со мигранти на реката Дрина, меѓу настраданите и мајка и бебе

Телата на десет удавени лица се извадени од реката Дрина по превртувањето на чамецот во кој група мигранти се обиделе илегално да преминат од Србија во Босна и Херцеговина, соопштија од итните служби.

Припадниците на цивилната одбрана на Република Српска ги пронашле телата во Дрина кај Братунац, изјави за новинарите шефот на спасувачката екипа Влада Ранкиќ.

Потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР пронашле тело на бебе при претрес на Дрина во областа Љубовија, каде што се превртел чамец со мигранти, додека полицијата на Република Српска од Дрина го извлекла телото на уште едно машко лице.

„За време на теренската потрага, која од синоќа е интензивна, припадниците на МВР околу 3 часот пронајдоа безживотно тело на деветмесечно бебе во градот Лоњин низводно од Дрина, во близина на брегот. Денеска, за жал, таа е десеттата жртва од превртувањето на чамецот со мигранти кои се обиделе да ја преминат оваа река од Србија меѓу Дрлача кај Љубовија и Орлица во општина Зворник.

Бебето било со мајката, чие тело рано денеска беше извлечено од реката.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија досега извлекле тела на шест мажи, една жена и едно бебе, додека припадниците на полицијата на Република Српска пронашле тела на двајца мажи. Потрагата се уште трае“, изјави Дачиќ.

Во вториот чамец имало 14 мигранти од Мароко, кои се приведени, соопшти полицијата во Зворник.

Според сведоштвата мигрантите кои успеале да стигнат до брегот, во чамецот имало околу 30 лица, а полицијата и пожарникарите на брегот пронашле 18 од нив, од кои три деца, соопшти претходно МВР на Србија.

Спасувачките екипи на цивилната заштита, припадниците на граничната полиција на БиХ и Србија, нуркачи и пожарникари се уште се на терен.

Exit mobile version