Во книжарницата „Антолог“ во Скопје, денес, со почеток во 18:00 часот, ќе биде промовирано четвртото продолжение на сагата за инспекторот Виктор Николов, „Кобајаши Мару“.
Промотор: Десанка Николова
При крајот на зимата 2024 година, Скопскиот оддел за крвни и сексуални деликти од гостиварската полиција презема случај на убиство на познат сексуален престапник и повремен уживател на наркотични средства. Наркоманот е пронајден застрелан во неговата соба во хотел на Мавровско Езеро. Единствената трага за полицијата е пронајдената чаура на местото на убиството…
Иако романот во својата жанровска класификација претставува крими-роман, оваа книга разработува широк дијапазон на идеи кои се проткаени низ целата нејзина должина. Приказната е втемелена во времето во коешто живееме, но си игра со безвременски концепти кои претставуваат зрела критика на бројни општествени норми и модалитети, како и доза филозофски дискурс кој би ги задоволил и најсериозните уживатели на квалитетна фикција.
The post Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ и разговор со авторот Анде Јанков appeared first on ekran.