Проектот за реконструкцијата на спортските терени во ООУ „Елпида Караманди“ влегува во финална фаза.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, најави дека е започната и подготовка на проектната документација за нови спортски игралишта и во ООУ „Тодор Ангелевски“, во централното училиште и во подрачното во Горно Оризари, во Стрелиште, во ООУ „Трифун Пановски“, во ООУ „Климент Охридски“, во подрачното училиште на ООУ „Коле Канински“ во Буковски Ливади, ООУ „Даме Груев“ и ООУ „Ѓорѓи Сугарев“.
– Во подготовка е и проектна документација за тениското игралиште во ООУ „Елпида Караманди“, кое не беше опфатено со реализираниот проект, а, исто така, е неопходно за заокружување на целината од спортски игралишта. По завршувањето на проектната документација од проектантите, ќе пристапиме кон подготовки за изведба, до комплетно модернизирање и уредување на запоставените спортски терени, затоа што сите ние, како битолчани, заслужуваме подобра спортска инфраструктура – нагласи Коњановски.