Три години откако актерот Алек Болдвин, на сетот, ја уби снимателката Халина Хачинс на снимањето во Ново Мексико, филмот „Rust“ синоќа имаше премиера во Полска.
Премиерата се одржала на Интернационалниот филмски фестивал Camerimage, а организаторите изјавија дека проекцијата е посветена на убиената Халина Хачинс, која редовно го посетувала овој фестивал во Торун.
Актерот Алек Болдвин, кој пукаше во Хачинс за време на снимањето, не беше поканет и не присуствуваше на премиерата. Сценаристот и режисер Џоел Соуза, кој беше ранет во престрелката, пристигна на премиерата каде им се обрати на медиумите.
„Не можев ни да замислам дека некогаш ќе се вратам на сетот, едноставно ме болеше премногу“, рекол тој.
Тој рекол дека се предомислил и решил да го заврши филмот откако разговарал со сопругот на Халин Хачинс.
Мајката на убиената Хачинс, Олга Соловеј, која го тужи Алек Болдвин и продукцијата на филмот, не присуствувала на премиерата, а нејзиниот адвокат рекол дека премиерата ја смета за обид да се профитира од смртта на нејзината ќерка.
„Алек Болдвин продолжува да ми ја зголемува болката со неговото одбивање да ми се извини и неговото одбивање да ја преземе одговорноста за нејзината смрт“, изјавила претходно Соловеј.
За потсетување, во октомври 2021 година, Болдвин вежбал сцена со пиштол, кој требало да биде наполнет со лажни куршуми. Меѓутоа, кога го испукал вистинскиот куршум, тој ја уби Хачинс и го рани режисерот Соуза.
Тој беше обвинет за убиство од небрежност и се изјасни за невин, но случајот беше отфрлен во јули поради негирање на доказите од страна на обвинителството. Хана Гутиерез Рид, која беше пиштолџија задолжена за огнено оружје на филмскиот сет, беше осудена за убиство од небрежност во март. Таа издржува казна затвор од 18 месеци.
Извор и фото: klix.ba
The post Привлекол голем интерес – Три години по убиството на сетот, филмот „Rust“ беше премиерно прикажан во Полска appeared first on ekran.